Салах донира опрема за лекување на ковид-пациенти на родното село во Египет

Од:

Напаѓачот на англискиот фудбалски првак Ливерпул, Мохамед Салах донираше кислород и друга медицинска опрема во своето родно село во египетската област Гарбија, помагајќи му на локалното население во лекување на заболени од Ковид-19, во време кога државата се соочува со вториот бран на пандемијата.

-Во хуманитарната организација „Мохамед Салах“ имаме 14 боци со кислород. Тука се за да им помогнат на луѓето од селото Нагриг и околните места. Располагаме, исто така, и со амбуланта што ја изгради Салах и функционира од мај минатата година, изјави раководителот на здружението Хасан Бакр.

Салах, кој и самиот беше заразен со коронавирус во ноември, одржува тесни врски со родното место Нагриг, мало и сиромашно село на околу 130 километри северно од Каиро.

Египетскиот репрезентативец секоја година донира 64.000 долари на хуманитарното здружение кое го носи неговото име.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Салах ќе „паузира“ неколку недели

Горан Наумовски

Салах: Сакам да го освојам Африканскиот куп на нации, сакам да играм за Египет

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски