Салах бара годишна плата од 22 милиони евра за нов договор со Ливерпул

Од:

Египетскиот напаѓач Мохамед Салах (29) има важечки договор со премиерлигашот Ливерпул до јуни 2023 година, но клубот од „Енфилд“ настојува час поскоро да потпише продолжување на соработката на подолг рок.

Сепак, како што пренесуваат денеска британските медиуми, Салах за продолжување на верноста бара енормно зголемување на својата плата, која годишно би изнесувала меѓу 17.6 и 22 милиони евра.

Во случај Ливерпул да му понуди плата од 22 милиони евра, Салах би бил третиот најплатен фудбалер во Премиер лигата, веднаш зад Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед и Кевин Де Брујне од градскиот ривал Манчестер сити.

Салах дојде во Ливерпул во 2017 година од редовите н Рома во трансфер вреден 42 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

Салах ќе „паузира“ неколку недели

Горан Наумовски

Салах: Сакам да го освојам Африканскиот куп на нации, сакам да играм за Египет

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени