Екипата на Сакраменто Кингс го победи Лос Анџелес Лејкерс со 108:101 во еден од деветте НБА натпревари играни синоќа.
„Кингси“ до 12.сезонска победа дојдоа со подобра игра во второто полувреме во кое уфрлија 56, а примија 41 поен.
За Лејкерс ова беше 19.пораз наспроти само осум победи.
Постигнати резултати на НБА натпревари одиграни ноќеска: Торонто – Њујорк 118:108, Кливленд – Мемфис 105:91, Сакраменто – ЛА Лејкерс 108:101, Бруклин – Детроит 110:105, Мајами – Бостон 100:84, Орландо – Филаделфија 88:96, Вашингтон – Феникс 92:104, Минесота – Индијана 96:100 и Оклахома – Њу Орлеанс 99:101.
Вечерва се играат 11 натпревари: Кливленд – Минесота, Индијана – Њу Орлеанс, Орландо – Бостон, Вашингтон – Чикаго, Атланта – ЛА Клиперс, Бруклин – Денвер, Мајами – Филаделфија, Милвоки – Шарлот, Оклахома – Портланд, Феникс – Далас и ЛА Лејкерс – Голден Стејт.
Пласман Источна конференција: Торонто 22-6 (победи-порази), Вашингтон 19-7, Атланта 19-7, Чикаго 17-9, Кливленд 16-10,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 22-3 (победи-порази), Портланд 22-6, Мемфис 21-6, Хјустон 19-7, Далас 20-8, ЛА Клиперс 19-8,…