НБА тимот Сакраменто Кингс остана без својот прв тренер, откако денеска раководството на клубот му врачи отказ на Мајк Мелоун поради лоши резултати.
Сакраменто загуби на осум од последбните 10 натпревари и со биланс 11-13 (победи-порази) се наоѓа на 11 место во Западната конференција.
Кингси имаа добар старт на сезоната 9-6, но потоа без првата ѕвезда на тимот Демаркус Казинс кој паузира поради болест, дојдоа лошите резултати. Оттогаш клубот победи само на два натпревара, а загуби седум пати.
Сакраменто во следниот период ќе биде предводен од помошникот тренер Тајрон Корбин, а според пишувањата на американските медиуми го најавија Џорџ Карл како најсериозен кандидат за наследник на Мелоун.