Сако: За мене играњето фудбал не беше опција, за мене тоа беше задолжително

Од:

Мамаду Сако со години беше еден од најсигурните дефанзивци во Премиер лигата, иако не успеа да преживее во Ливерпул.

Момчето, родено во Париз, е по потекло од Сенегал и мораше да помине низ тежок пат до успехот.

Тој ја започна својата кариера во клубот именуван по француската престолнина, а во 2002 година го носеше дресот на Пари Сен Жермен.

Тој влегува во сениорскиот тим на славниот клуб од 2007 година, а на 17-годишна возраст ја зеде капитенската лента.

Сепак, тој не смета дека тоа е најголема одговорност што ја добил во неговиот живот…

– Го изгубив татко ми кога имав 13 години. Морав да станам човек. За мене играњето фудбал не беше опција, за мене тоа беше задолжително. Некој ме праша дали ми е тешко да бидам капитен на 17 години. За мене најтешко беше да станам капитен на моето семејство на 13-годишна возраст, истакна Сако.

По шест години во ПСЖ, тој се пресели во Ливерпул, каде што престојуваше четири години, а е член на Кристал Палас веќе три сезони.

Своето деби за француската репрезентација го направи пред десетина години и досега има одиграно 29 натпревари.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска