Русинките со максимални пет победи изборија полуфинале на ракометниот Мундијал

Од:

Репрезентацијата на Русија рано утрово ја совлада Шпанија со убедливи 36:26 во 5.коло од Групата 2 на Светското првенство за ракометарки што се игра во Токио.

За Русинките ова беше петти триумф по кој како првопласирани одат во полуфинлаето. На другиот натпревар одигран утринава Холандија ја победи Јужна Кореја со 40:33.

Холанѓанките ќе ги чекаат исходите од другите натпревари во Групата 1 за да дознаат дали ќе се пласираат во полуфиналето.

Другите двојки за денес се:

Романија – Јапонија
Србија – Данска
Црна Гора – Шведска
Норвешка – Германија.

Табела Група 1: Холандија 6 бода, Норвешка 6, Германија 5, Србија 4, Данска 3, Јужна Кореја 2.

Табела Група 2: Русија 10 бода, Шпанија 7, Шведска 5, Црна Гора 4, Јапонија 0, Романија 0.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска