Румениге го потврди заминувањето на Тијаго Алкантара во Ливерпул

Од:

Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге го потврди трансферот на играчот за врска Тијаго Алкантара во Ливерпул.

– Баерн постигна договор со Ливерпул, Тијаго заминува, ги пренесува зборовите на Румениге новинарот на „Билд“, Хеико Ниддерер.

Според „Sky Sports“, Ливерпул ќе плати 20 милиони фунти за 29-годишниот Шпанец. Исто така, зделката подразбира можна исплата на бонус од седум милиони фунти, што ќе се изврши во случај „Мерсисајдите“ да ја освојат Премиер лигата или Лигата на шампионите. Дел од бонусите Ливерпул е должен да ги плати доколку играчот достигне одредени индивидуални статистички индикатори.

Алкантара минатата сезона забележа 40 настапи за Баерн и постигна три гола со две асистенции.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска