„Рударите“ го наполнија Осогово, три големи бодови за Беласица

Од:

Натпреварите од Втората фудбалска македонска лига донесоа неколку интересни резултати и победи на тимови со голови во финишот.

Најрасположени за постигнување голови беа фудбалерите на Каменица Саса, кои со „петарда“ во мрежата на Осогово, како победници си заминуваат од Кочани. Дербито помеѓу Тиквеш и Беласица им припадна на гостите со гол во 90-та минута, па сега струмичани се први, а може да ги симне Кожуф кој ќе гостува кај Брегалница. На Западот, Пелистер го задржа врвот, откако остана непоразен на дербито во Лабуништа.

Резултати, Исток: Осогово – Каменица Саса 2:5, Питу Гули – Плачковица 0:1, Тиквеш 1930 – Беласица 1:2, Кит-Го Пехчево – Победа 2:1, Брегалница – Кожуф се игра од 18 часот. Запад: Кадино – Влазерими 0:0, Лабуништа 2011 – Пелистер 1:1, Вардар Форино – Кораби 2:2, Скопје – КФГ Гостивар 0:0, Дрита – Охрид Лихнидос 0:1.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска