РТЛ: Хамилтон и Мерцедес се договорија

Од:

Новинарот на „РТЛ“, Феликс Хорнер сподели информации за постигнат договор меѓу Мерцедес и седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон.

– Проблемот ќе биде решен во следните неколку дена. Двете страни сакаат да работат заедно. Хамилтон сака да ја освои осмата титула. Затоа, договорот ќе биде потпишан до крајот на јануари, објави Хорнер.

Хамилтон во моментов е слободен агент – неговиот договор со тимот истече минатата година. Тој и извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, во повеќе наврати ја изразија својата желба да ја затворат зделката, но постојано го одложуваа потпишувањето.

Волф неодамна објави дека работата ќе биде затворена до претсезонските тестови во Бахреин, кои се закажани за средината на март.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона