Во првиот натпревар против својот поранешен тим Бостон, Ражон Рондо во дресот на Далас постигна 29 поени (15 во првата четвртина), а имаше 6 скокови и 5 асистенции.
Далас на гостувањето славеше во ТД Гарден со 119:101.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати:
Шарлот – Кливленд 87:91,
Орландо – Бруклин 98:100,
Њујорк – Детроит 81:97,
Њу Орлеанс – Хјустон 111:83,
Оклахома Сити – Вашингтон 109:102,
Милвоки – Индијана 91:94,
Феникс – Филаделфија 112:96,
Јута – Атланта 92:98,
Голден Стејт – Торонто 126:105 и
ЛА Лејкерс – Мемфис 106:109.