Роналдо за рекорд во репрезентацијата: Дури и јас почнав да мислам дека никогаш нема да го срушам, сè уште не сум завршил

Од:

Напаѓачот на Португалија и Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е среќен за неговиот рекорд по голови за националниот тим.

– Не можам да најдам зборови! Воодушевен сум од оваа неверојатна сензација! Напред Португалија!

Од сите рекорди што ги срушив во кариерата, за среќа, беа неколку, овој е посебен за мене, дефинитивно е меѓу оние достигнувања на кои сум навистина горд.

Прво, затоа што за мене секој пат кога ја претставувам земјата е посебен момент, бидејќи знам дека ги штитам боите на Португалија и на светот му покажувам од што се направени Португалците.

Второ, репрезентативните турнири секогаш имаа големо влијание врз мене кога растев гледајќи ги моите идоли како играат под знамињата на нивните земји на Европските и сèветските првенства секое лето.

Конечно, и што е најважно,

постигнувањето 111 гол за Португалија се 111 моменти на универзално единство и среќа за милиони Португалци низ светот. Секоја жртва за нив вреди.

Друга причина зошто толку го ценам ова достигнување е што Али Даи ја постави лентата на толку високо ниво што во одреден момент дури и јас почнав да мислам дека никогаш нема да го соборам неговиот рекорд (109 голови). Честитки за чувањето на рекордот толку долго. Му благодарам што ми покажа почит секој пат кога постигнав гол, се поблиску и поблиску до неговиот извонреден резултат.

Благодарам Португалија. Им благодарам на сите мои соиграчи и противници што го направија ова патување толку незаборавно. Да ги продолжиме нашите состаноци на теренот во наредните години! Уште не сум завршил“, – напиша Роналдо на Инстаграм.

Роналдо вчеравечер постигна два гола против Ирска и сега има рекордни 111 гол за португалската репрезентација.

Би можело да ве интересира

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ

Ирански весник ја цензурираше сопругата на Роналдо- и го „срамни“ задникот