Роналдо сака во Атлетико Мадрид, но два големи проблеми го кочат трансферот

Од:

Кристијано Роналдо нема ништо против трансфер во Атлетико Мадрид бидејќи е убеден дека со тој клуб би можел да биде конкурентен во шпанското првенство и да атакува на титулата во Лигата на шампионите. Трансферот на поранешната ѕвезда на Реал Мадрид во тимот на омразениот градски ривал се споменува со денови, но останува да се види колку целата приказна е реална и остварлива. На почетокот има два проблеми.

Атлетико мора да продаде една од ѕвездите во својот тим за да собере средства за да го доведе Роналдо е првата и најважна причина, а другата се однесува на реакцијата на навивачите. Роналдо со години го „тероризираше“ Атлетико Мадрид, клубот против кој постигна најмногу голови во неговиот деветгодишен мандат во Реал, но и во кариерата.

Роналдо против екипата на Атлетико настапи дури 37 пати, забележувајќи 17 победи и по 10 нерешени и порази, со ефект од 25 гола и девет асистенции. Освен по неговите голови и асистенции, навивачите на Атлетико го паметат и по неговите грди гестови, како кога се фати за меѓуножјето како играч на Јувентус, одговарајќи на истиот гест на Диего Симеоне на првиот од двата меча меѓу Атлетико и торинскиот тим во ЛШ.

И додека Симеоне би можел тоа да го преболи за да ја има португалската ѕвезда во тимот, се чини веројатно дека навивачите на Атлетико не му го простиле тој гест.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Роналдо нокаутира камерман: Несреќникот не знаеше што го погоди

Жестока расправија на Роналдо и Џорџина среде аеродром: Доста му е од неа

Предраг Петровиќ

Зошто Кристијано Роналдо ги лакира ноктите?

Се појави виза на Џорџина Родригез во која е наведено дека е „робинка на Роналдо“

ВИДЕО: Роналдо се фати за половиот орган по извиците „Меси, Меси“ од публика-се бара депортација

Кристијано Роналдо бесен на својата Џорџина, целосно ги изгубил нервите

Предраг Петровиќ