Роналдо по победата над Аталанта: Никогаш не се откажуваме

Од:

Стрелецот на победничкиот гол за Манчестер јунајтед на синоќешниот дуел од Лигата на шампионите против Аталанта, реагираше емотивно на социјалните мрежи.

– Да! Олд Трафорд повторно гори! Живи сме! Ние сме луѓе обединети и никогаш не се откажуваме! Тоа е Олд Трафорд! – напиша Роналдо на Инстаграм.

Манчестер до трите дојде со подобра игра во второто полувреме, откако по првиот дел италијанскиот тим водеше со 2:0.

Во следното коло од Лигата на шампионите, екипите повторно ќе играат меѓу себе, но натпреварот ќе се игра во Бергамо на 2 ноември.

По три кола во Ф-групата, Манчестер е лидер со шест бода, Аталанта и Виљареал имаат по четири, Јанг Бојс е последен со три освоени бода.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ