Роналдо останува во Јувентус, за дел од играчите се претпоставува дека ќе го напуштат тимот

Од:

Кристијано Роналдо, Матаис де Лихт и Џорџо Киелини по крајот на сезоната ќе останат во Јувентус, пренесува италијански „Тутоспорт“.

Според изворот, 100 отсто е сигурно дека освен споменатите тројца, во тимот ќе останат и Родриго Бентанкур и Мерих Демирал.

На нив најверојатно ќе им се придружат Џанлуиџи Буфон, Леонардо Бонучи и Данило.

За играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ и дефанзивците Матиа де Шилио и Даниеле Ругани се смета дека ќе си заминат.

Во моментов, сезоната во Италија е прекината поради пандемијата од коронавирус.

Јувентус ја предводи Серија „А“ со 63 бода по 26 одиграни натпревари.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ