Роналдо оди во лутиот ривал на Реал Мадрид?

Од:

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо и во овој преоден рок секојдневно ги полни насловните страници на светските спортски медиуми. Секој нареден ден нова понуда или нова опција, каде што би можел да ја продолжи кариерата. Тој не сака да остане во Манчестер јунајтед затоа што „црвените ѓаволи“ не успеаја да изборат пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Медиумите во Шпанија тврдат дека се појавила можност Кристијано Роналдо да се врати во Шпанија, но во лутиот градски ривал на Реал Мадрид. Би било навистина бомбастично доколку Португалегот во новата сезона го облече дресот на Атлетико Мадрид.

Тренерот Диего Симеоне е во потрага по напаѓач, а Роналдо и Гризман, заедно со Жоао Феликс, би биле навистина незадржливи во навалната линија на овој шпански прволигаш.

Претходно, Роналдо беше поврзуван и со Челси, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Наполи, Рома, а доби и неверојатна понуда од Саудиска Арабија, која сепак не е негов приоритет.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Роналдо нокаутира камерман: Несреќникот не знаеше што го погоди

Жестока расправија на Роналдо и Џорџина среде аеродром: Доста му е од неа

Предраг Петровиќ

Зошто Кристијано Роналдо ги лакира ноктите?

Се појави виза на Џорџина Родригез во која е наведено дека е „робинка на Роналдо“

ВИДЕО: Роналдо се фати за половиот орган по извиците „Меси, Меси“ од публика-се бара депортација

Кристијано Роналдо бесен на својата Џорџина, целосно ги изгубил нервите

Предраг Петровиќ