Роналдо: Ми требаше гол од слободен удар за да ја зголемам самодовербата

Од:

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги сподели своите впечатоци по натпреварот од 30. коло на Серија А против Торино (4:1). Португалецот го постигна третиот погодок за својот тим во 61. минута од слободен удар.

– Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, но победивме и создадовме притисок врз Лацио.  Сега треба да гледаме напред и да го победиме Милан во следното коло. Мене ми требаше гол од слободен удар за да добијам на самодоверба. Не е важно дека јас и Дибала постигнавме гол. Најважна е победата и трите бода. Вистината е дека соработувам добро со Дибала како и со целиот тим, потенцира Роналдо.

Јувентус е лидер на табелата со 75 бода од 30 натпревари, пред Лацио кој има 68 бода од 29 средби.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ