Роналдо има 17 пати поголема плата од својот нов тренер

Од:

Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, ќе има прилично скромна плата за денешните стандарди.

Според „Газета дело Спорт“, тој ќе заработи 1.800.000 евра по сезона, со бонуси во зависност од постигнатите резултати.

Поранешниот тренер на „старата дама“, Маурисио Сари, на пример, имаше три пати поголем приход, додека Масимилијано Алегри заработуваше дури 7.500.000 евра по сезона.

На тој начин, Пирло ќе биде подобро платен од само тројца играчи на првиот тим – Демирал, Буфон и третиот голман – Пинсоља.

Кристијано Роналдо (31.000.000 годишно) има плата 17 пати повисока од Пирло, а со огромен приход можат да се пофалат и Матијас де Лихт, Гонзало Игуаин, Пауло Дибала, Арон Ремзи и Адриен Рабио.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ