Роналдо го сака Погба во Јувентус

Од:

Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, даде „зелено светло“ за привлекување на Пол Погба во составот на тимот од Торино. Идејата да се врати Французинот на стадионот „Јувентус“ датира од летото, но тогаш до трансфер така ине се стигна.
Газдите на „бјанконерите“ сега размислуваат дали да направат понуда во јануари и го побарале мислењето на Роналдо, кој ја одобрил идејата, според „Ел Десмарке“.

Јувентус го привлече Погба од Манчестер Јунајтед на слободен трансфер во 2012 година. Французинот ги разви своите вештини во составот на Торино, по што беше продаден повторно на „црвените ѓаволи“ за 94,5 милиони фунти во 2016 година.

Сепак, неодамна се појавија нови информации дека Погба не е задоволен на „Олд Трафорд“ и сака повторно да си замине, а Јуве се на пол-позиција за неговиот потпис. Реал Мадрид исто е заинтересиран за 26-годишниот играч од средниот ред и може да вклучи во трансфер борбата за неговите права.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска