Роналдо: Другиот Роналдо и Роналдињо ми се идоли, но освоив повеќе од нив

Од:

Кристијано Роналдо ги именуваше бразилските фудбалски легенди Роналдињо и Роналдо Назарио како негови фудбалски идоли, но на шега вели дека освоил повеќе награди и титули од нив.

Во долгото интервју за „ЕСПН Бразил“ тој призна дека двете самба-легенди се фудбалерите на кои им се восхитувал како млад, особено на Светското првенство во 2002 година.

„Навистина не сакам да правам споредби, но велам дека Роналдо Назарио и Роналдињо Гаучо оставија зад себе голема фудбалска историја. Но, фактите велат дека јас освоив повеќе индивидуални награди од нив, иако тие имаат Светско првенство. Навистина ги сакам. Пораснав гледајќи ги како играат и не е најважно да се каже кој е најдобар, а кој е втор. Велам дека ми се идоли и дека оставија прекрасна фудбалска приказна зад себе“, вели 36-годишниот Роналдо.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ