Рома постигна договор со Аталанта за Џанлука Манчини

Од:

– Рома постигна договор со Аталанта за трансфер на Џанлука Манчини.

Како што пренесува „Скај спорт Италиа“ трансферот е вреден 26 милиони евра, но Римјаните првин ќе и платат на Аталанта два милиона за едногодишна позајмица.

Останатиот дел од 24 милиони евра од договорот за младиот фудбалер „волчицата“ ќе треба да го плати на крајот на сезоната, од кои пет милиони ќе бидат бонуси.

Манчини во 2017 година стигна во Аталанта од Перуџа за 300 илјади евра, а минатата сезона постигна 6 голови на 35 натпревари.

Би можело да ве интересира

Недвед: ЛШ е цел пред Јуве, но не сме опседнати со неа

Икарди ќе ги продолжи тренинзите со Интер

Барса отфрли понуда од Интер за Видал

Мацари: Не смее да се прават грешки против екипа која може да плати 40 милиони евра за играч

Ана Ололовска

Калиниќ се враќа во Италија

Ана Ололовска

Роналдо: Меси ме направи подобар играч, како и јас него