Рома на лето најверојатно ќе го ангажира Диего Коста

Од:

Диего Коста во летниот преоден рок би можел да замине од Атлетико Мадрид и да стане член на Рома.

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ објави за силниот интерес на Римјаните за напаѓачот на „Црвената фурија“.

Неговиот договор со „Јорганџиите“ е до 2021 година, но не е заинтересиран да го продолжи поради незадоволство од минутажата што ја добива кај Диего Симеоне. Во досегашниот тек на сезоната постигна само два гола и одлучен е во намерата да промени средина, откако сфати дека е не е прва опција за нападот.

Рома, пак, подолго време посакува да ангажира напаѓач за поддршка на Един Џеко, а ако успее во намерата, сигурно дека ќе го има еден од најдобрите напаѓачки тандеми во Серија А во наредната сезона.

Би можело да ве интересира

Мурињо: Искреноста на сопствениците на Рома ме освои да прифатам уште една „Невозможна мисија“

Ана Ололовска

Врвен клуб од Премиер лигата го доведува Диего Коста, пишуваат британски медиуми

Жарко Настоски

Милик не сака во Рома, преговорите продолжуваат

Жарко Настоски

Атлетико го нуди Диего Коста на пола Европа, засега никој не го сака

Жарко Настоски

Манџукиќ може да го замени Џеко во Рома

Жарко Настоски

Рома започна преговори со Фертонген

А1он