Ројс може да го пропушти мечот со Баерн и остатокот од сезоната

Од:

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, нема да може да учествува на натпреварот од 27. коло на германското првенство против Волфзбург закажан за 23 мај, поради повреда на бутен мускул, објави „Билд“.

Според германскиот весник, 30-годишниот Ројс, исто така нема да игра со Баерн на 26 мај. а голема е веројатноста фудбалерот да го пропушти остатокот од сезоната, која беше продолжена на 16 мај.

Во досегашниот дел од сезоната 2019/20, Ројс одигра 26 натпревари за Борусија, постигна 12 голови и направи шест асистенции.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска