Ројс: Дортмунд се справува добро без мене

Од:

Повредениот капитен на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ги пофали момчињата за одличната работа во негово отсуство.

Тој се здоби со повреда во поразот од Вердер Бремен за Купот на Германија на 4 февруари (2-3) и сè уште не е јасно кога ќе се врати во игра. Прогнозите тогаш беа дека тој ќе биде аут четири недели.

– Ова не е повреда по кој може да се каже дека ќе се вратите за 3 недели. Немам определено точен натпревар за да се вратам. Важно е да бидам потполно здрав и да не чувствувате болка. Немам точна прогноза за кога ќе се вратам. Сепак, мислам дека во наредните недели ќе можам да тренирам повторно со тимот. Момчињата добро се спарвуваат без мене. Победите над Ајнтрахт и ПСЖ ни дадоа голема самодоверба. Тоа се виде многу добро при нашиот успех во Бремен минатата недела“, рече Ројс, цитиран од весникот „Рурнатрихтен“.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска