Рој Кин може да стане селектор на Азербејџан

Од:

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед и ирската репрезентација Рој Кин може да стане селектор на Азербејџан, пренесува „Сан“.

Според изворот, 48-годишниот стручњак е подготвен да се врати на тренерството по една година пауза (од јануари до јуни 2019 година, Кин работеше како асистент на главниот тренер на Нотингем). Се соопштува дека Ирецот е приоритетен кандидат за Азербејџанците, но федерацијата сака да добие одговор од Кин во наредните 48 часа.

За време на неговата тренерска кариера, Кин успеа да работи како главен тренер во Сандерленд и Ипсвич, а беше асистент во Астон Вила, Нотингем и националниот тим на Ирска.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ