Рохас и Меси спортисти на годината во Јужна Америка

Од:

Венецуелската атлетичарка во трискок Јулимар Рохас и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се најдобри спортисти во Јужна Америка за 2021 година, одлучи во својот избор Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS).

dobivaj vesti na viber

Рохас (26) го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, а со скокот од 15,67 метри воедно го собори и 26 години стариот рекорд што во дисциплината трискок го држеше Инеса Кравец (15,50).

Најдобриот спортист на јужноамериканскиот континет за 2021 година Меси, првпат во кариерата освои голем трофеј со аргентинската репрезентација, која беше најдобра на Копа Америка, и тоа првпат по 1993 година.

Аргентина во финалето на „Маракана“ во Рио де Женеиро го совлада Бразил со 1:0.

Би можело да ве интересира

Меси по саудиското „фијаско“: Нема изговори за ваков пораз

Меси се „смирил“ со Лапорта, во јули се враќа на „Ноу Камп“?

Почетино: Критиките за Меси не се фер

А1он

Меси позитивен на ковид

Катерина Павлова-Николовска

Меси доби мурал на 22-катница во родното Росарио

Ана Ололовска

Роналдо демантира ривалство со Меси во освојувањето награди

Ана Ололовска