Роџерс со предупредување до Сити и Јунајтед за Мегваер

Од:

Менаџерот на Лестер Сити, Брендан Роџерс упати предупредување до Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед за евентуалниот трансфер на дефанзивецот Хари Мегваер во еден од двата клуба.

Стратегот се закани дека ќе стави краен рок за финализирање на слична зделка, бидејќи остануваат само 3 недели до затворањето на трансфер прозорецот за Премиер лигата, а „лисиците“ сакаат да си обезбедат квалитетен заменик на англискиот репрезентативец.

Како што е познато, оттаму инсистираат да добијат 75 милиони фунти, што би го направило Мегваер најскапиот дефанзивец во историјата на Премиер лигата, надминувајќи го врвното достигнување на Вирџил ван Дајк за 5 милиони фунти.

– Ќе има краен рок. Не можеме да останеме со недоволно дефанзивци. Имаме идентификувани цели, ако Хари си замине, но нема потреба да го продаваме. Дури и ако ја понудат бараната од нас сума во последен момент, ние ќе ја откажеме, бидејќи ќе биде премногу доцна за да привлечеме некој друг на негово место. Значи ќе има момент во кој, дури и со вистинска понуда, ќе биде премногу доцна“, прокоментира Роџерс пред „Сан“.

Дваесет и шест-годишниот дефанзивец има договор со Лестер до 2023 година. Како негов заменик, се споменува името на Луис Данк од Брајтон, за кого тимот може да плати 45 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брајтон првпат победи против некој од Топ 6 тимовите во Англија

Ана Ололовска

Марко Силва веќе не е тренер на Евертон

Евертон за десет години потроши 700 милиони, а се бори за опстанок

Крауч: На Салах на клупа му беше како на мене против Андора

Ливерпул го објави составот за настапите на Светското клупско првенство

Ана Ололовска

Евертон за прв пат по 20 години се наоѓа во зоната за испаѓање по 15 премиерлигашки кола

Ана Ололовска