Роџерс: По рестартирањето на првенството, Лестер игра слабо

Од:

Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс смета дека неговите избраници играат слабо по рестартирањето на сезоната во Премиер лигата. Лестер синоќа загуби од Борнмут со 4:1 и го загрози пласманот во Лигата на шампионите.

– Не го очекував ова, но не бевме доволно добри за да се чувствуваме премногу удобно. Им дозволивме многу шанси и многу сум разочаран од начинот на кој игравме во одбраната. Ние сме силен паметен тим и не пропуштаме многу голови. Отсекогаш велев дека сакаме да завршиме во првите четири, но за тоа треба многу повеќе од вакво издание. По рестартирањето, играме лошо и можеби нема да ја заврши сезоната таму каде што заслужуваме да бидеме, изјави Роџерс.

На три кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Лестер е на 4.место со 59 бода, бод повеќе од Манчестер јунајтед кој има и натпревар помалку.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска