Родригез ќе ја продолжи кариерата во Наполи

Од:

Хамес Родригез и Баерн неодамна ја прекинаа својата соработка откако германскиот шампион, по двегодишен заем, не одлучи да ја активира клаузулата за откуп, договорена со Реал Мадрид и да биде обврзан со постојан договор, а денес „ЕСПН“ објави дека Хамес ќе ја продолжи својата кариера во Наполи.

Во случај да го откупеше договорот, Баерн ќе требаше да му даде на Реал 42,5 милиони евра за халфот, но нема да биде ништо од тоа, па Родригез ќе се пресели во Италија по 67 натпревари во Бундеслигата, во кои постигна 15 гола и дели 20 асистенции.

Колумбиецот кај Нико Ковач барал сигурно место во стартните 11, а во Баерн не можеле да му го ветат тоа, па поради неговото незадоволство дошло и до тензии во соблекувалната на баварците, по што Ковач и лидерите на клубот одлучиле дека е паметно да го вратат во Мадрид.

Анчелоти гледа во Колумбиецот еден од главните играчи за изградба на нов тим со кој ќе се обиде да ја сопре доминацијата на Јувентус следната сезона.

Наполи ќе го земе на заем за кој ќе плати 10 милиони евра, а потоа ќе има право да го купи за сума меѓу 30 и 40 милиони евра, во зависност од договорот на клубовите, додава изданието.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство