Родри: Манчестер сити е посилен од Реал, тоа го докажавме на првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри го сподели своето мислење за противникот во 1/8 финалето на Лигата на шампионите, тимот на Реал Мадрид.

– Ништо не е завршено во нашата пресметка со Реал Мадрид, иако победивме во првиот натпревар. Манчестер сити е подобар, го докажавме тоа на првата средба. Треба да направиме уште еден чекор напред. Откако го совлада Реал Мадрид, кој успеа да ја освои Лигата на шампионите три пати по ред, што беше многу силно во Европа во последните години, Манчестер сити ја зголеми својата самодоверба.

Резултатот на првиот дуел одигран во Мадрид беше 2:1 за Сити. Терминот за реваншот, поради пандемијата со коронавирусот, сè уште е непознат.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска