Робињо: Треба да мислиме и на нападот

Од:

Не треба да се фокусираме само на одбраната и на тој начин да ја браниме предноста од првиот дуел. Имаме квалитет и да напаѓаме. Едноставно треба да ја наметнеме нашата игра, изјави бразилскиот интернационалец Робињо во редовите на Милан пред вечерашниот натпревар со Барселона.

Тој е свесен за силата на противникот, но верува во своите соиграчи дека можат да го елиминираат големиот противник.

– Барселона е голем тим, но во фудбалот се’ е можно. Очекувам неизвесен натпревар во кој ќе треба многу да се намачиме за да ја постигнеме целта, а таа е пласман во следната фаза, истакна Робињо.

Барселона вечерва од 20:45 часот на „Камп Ноу“ е домаќин на Милан во реванш-осминафиналето од Лигата на шампионите. Милан на првата средба во Милано победи со 2:0.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска