Робен го гризна крокодил на тренинг во Доха

Од:

Фудбалерот на Баерн и холандски репрезентативец Арјен Робен преживеа драма на тренингот на баварскиот клуб во Доха откако крокодил му ја гризна раката.

На еден од тренинзите на баварскиот клуб во Катар каде Баерн се подготвува за продолжување на сезоната, топката им паднала во езеро, а Робен сакал да ја изведи од вода. Меѓутоа се појавил крокодил и го фатил фудбалерот на Баерн за левата рака.

Фудбалерот брзо се снашол и веднаш успеал да ја извлече раката, а брзо интервенирала и лекарската екипа на германскиот клуб.

Робен ги продолжи тренинзите, но левата рака му е во завои. Германските медиуми наведуваат дека Холанѓанецот има повреди на палецот, средниот и домалиот прст.

Фудбалерите на Баерн ги завршија подготовките во Доха, а моментално се наоѓаат во Ријад каде ќе играат пријателски меч со Ал-Хилал.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ