Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски со својот настап за Рајн-Некар на дуелот против Загреб обезбеди место во идеалните седум на колото во Лигата на шампионите.
Тим на колото според ЕХФ:
голман: Борко Ристовски (Рајн-Некар),
лево крило: Уве Генсхајмер (Рајн-Некар),
лев бек: Михал Јурецки (Киелце),
среден бек: Марко Тарабокија (Висла Плоцк),
десен бек: Јохан Јакобсен (Фленсбург),
десно крило: Златко Хорват (Загреб) и
пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем).
Покрај место во најдобрите седум, Ристовски се најде и во топ 5 за најдобри голмански одбрани. Тој го освои четвртото место на оваа рангирање.