Ристова: Освоеното злато во Белград е доказ за напредокот во играта

Од:

Во конкуренција на пет екипи, женската кадетска екипа на Вардар го освои трофејот на турнирот одржан викендот во Белград. Тренерот Драгана Ристова која неколку години работи со најмладите не ја криеше радоста што девојките во Скопје се вратија без пораз.

– Ова се само први наши натпревари сезонава и се уште нашата игра не е на ниво на кое треба да биде, но сепак сум презадоволна. Одигравме шест натпревари и девојките го дадоа својот моментален максимум. Останува да продолжиме со напорна работа зашто ни претстојат домашното првенство и во младинската и во кадетската лига, изјави Ристова за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Кадетките и минатата година имаа можност да се натпреваруваат со истите ривали од Србија, но резултатите овој пат беа повпечатливи. Вардарки ги добија сите натпревари, освен еден кој заврши нерешено.

– Со истите екипи од турнирот игравме и лани, но годинава се виде нашиот напредок во играта и тоа ме радува премногу зашто значи дека работиме во вистинската насока. Ваквите натпревари покажуваат дека добро работиме. Во овие девојки има квалитет да израснат во добри ракометарки, но останува на нас да продолжиме со работа и на вакви средби и турнири да видиме колку напредуваме. Само преку натпревари може да се подобрува квалитетот и да се подига формата. Се надевам дека ќе имаме можност и во иднина да играме на вакви и многу посилни турнири. И се разбира да се радуваме на успеси, истакна Ристова.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска