Ветеранот Рио Фердинанд е пред официјализирање на договор со екипата на Квинс Парк Ренџерс (КПР), пренесуваат англиските медиуми.
Поранешниот фудбалер на Мачестер Јунајтед, ги договорил сите услови со екипата на К.П.Р. пишува „Скај спортс“.
Иако првично К.П.Р. и Фердинанд беа далеку од договор, сепак откако клубот од „Офис Роуд„ го ревидираше својот предлог, искусниот Фердинанд се согласил својата кариера да ја продолжи во овој клуб.
Трансферот на Фердинанд во К.П.Р. најмногу се поврзува со менаџерот на лондонскиот клуб, Хари Реднап со кој Рио, но и неговиот брат Антони соработуваа повеќе години, додека Реднап беше тренер во Вест Хем.
Поранешниот репрезентативец на Англија на крајот на минатата сезона му заврши договорот со Манчестер Јунајтед, а клубот не сакаше да му понуди нов договор.
За дванаесетте години колку Фердинанд ги мина на „Олд Трафорд“ со екипата на Манчестер Јунајтед освои шест титули во Премиер лигата, пет трофеи во „Комјунити шилд“ купот, два Лига купа на Англија, а беше и дел од шампионските тимови на Манчестер Јунајтед кои ја освоија Лигата на Шампионите и Светското клупско првенство.