Рио 2016: Поделени медали во седум атлетски дисциплини

Од:

На програмата на Олимписките игри во Рио ноќеска беа финалните борби во седум атлетски дисциплини.

Постигнати резултати: Скок во височина во женска конкуренција:златен медал Рут Беитиа (Шпанија), сребрен медал Мирела Демирева (Бугарија), бронзен медал Бланка Влашиќ (Хрватска).

Фрлање копје во машка конкуренција:златен медал Томас Ролер (Германија),сребрен медал Јулиус Јего (Кенија), бронзен медал Кешорн Волкот (Тринидад и Тобаго).

Трка на 1.500 во машка конкуренција: златен медал Метју Сентровиц (САД),сребрен медал Тауфик Махлуфи (Алжир), бронзен медал Николас Вилис (Нов Зеланд).

Трка на 800 метри за жени: златен медал Кастер Семенја (Јужноафриканска Република),сребрен медал Франсин Нијонсаба (Бурунди),бронзен медал Маргарет Ниаирера Вамбуи (Кенија).

Трка на 5.000 метри мажи: златен медал Мохамед Фарах (Велика Британија),сребрен медал Пол Кипкемои Челимо (САД), бронзен медал Хагос Гебрхивет (Етиопија).

Штафетна трка 4×400 метри за жени: златен медал САД, сребрен медал Јамајка, бронзен медал Велика Британија.

Штафетна трка 4×400 метри за мажи: златен медал САД, сребрен медал Јамајка, бронзен медал Бахами.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ