Рикардо: Ризик е да се потпише едногодишен договор за да стане слободен агент во 2022 година

Од:

Пилотот на Рено, Даниел Рикардо, смета дека одложувањето на воведувањето на нови технички регулативи од 2021 до 2022 година нема да има сериозно влијание врз ситуацијата на пазарот на трансфери.

– Сега сè е збунувачко, тешко е да се предвиди нешто, но верувам дека возачите ќе донесат правилни одлуки без оглед на ситуацијата. Тешко е да се замисли дека некој сака да потпише едногодишен договор само за да стане слободен агент во 2022 година – ова е ризик. Со исклучок на уникатните ситуации, едногодишниот договор не е идеална опција, затоа мислам дека трансферите склучени оваа година ќе се одвиваат и според старите регулативи и со новата од сезоната 2022 година, изјави Рикардо.

Повеќето од возачите во тимовите од шампионатиот во Формула 1, сè уште немаат склучено нови договори.

На продолжување на соработката со своите сегашни тимови потпис имаат ставено само Макс Верстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона