Рибери ќе биде подложен на операција

Од:

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Франк Рибери ќе биде подложен на операција на десниот глужд, соопштија од клубот. 36-годишниот Рибери се повреди на натпреварот од 14-то коло против Лече на 1 декември и ги пропушти последните два натпревари на клубот од Фиренца поради болка.

– Франк Рибери денеска беше подложен на медицински тестови за да се утврди причината за болката во одредени движења на глуждот. За да се гарантира неговото враќање во игра што е можно поскоро, беше решено Рибери да помине лесна хируршка процедура што треба да се изврши во следните часови, се вели во соопштението на клубот.

По интервенцијата, ќе има јасност за периодот на опоравување, но извесно е дека францускиот крилен играч нема повторно да игра во 2019 година.

Рибери има 2 гола и 2 асистенции во 11 натпревари за Фиорентина за време на кампањата.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска