Рибери: Благословен сум што сум во Фиорентина

Од:

Новото засилување на Фиорентина, Франк Рибери ја даде својата прва изјава пред навивачите откако го потпиша неговиот договор.

Францускиот ветеран ги искористи социјалните мрежи за да го изрази своето огромно задоволство од договорот.

По 12 сезони, исполнети со слава и трофеи во Баерн Минхен, 36-годишниот докажан борец тргнува кон друга авантура на највисоко ниво.

Неговиот договор со „виолетовите“ ќе биде со мандат од 2 години, а веднаш штом ќе пристигне, го доби бројот 7, кој останува засекогаш во срцата на сите навивачи на Баерн.

„Здраво, Фиорентина. Започнува ново поглавје за мене и моето семејство. Се чувствувам благословено што потпишав нов договор во голем клуб и голем град. Со нетрпение ја очекувам иднината со моите нови соиграчи и сите фантастични навивачи тука“, напиша Французинот на Твитер.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска