РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорската репрезентација за пласман на ЕП 2020

Од:

Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска 2020 година.

Македонските репрезентативци го освоија првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир.

Ова ќе биде шести пласман на македонските машки сениори на Европските Првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018).

Репрезентацијата на ЕП ќе настапува во Австрија (Виена) во јануари 2020 година и ќе се натпреварува во групата Б против домаќинот, Чешка и Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска