Резултати од квалификациите во Лигата на Европа

Од:

Вчера беше комплетирано првото квалификациско коло од второто по квалитет натпреварување на Стариот континент – Лигата на Европа.

Северна Македонија има тројца претставници во овој турнир, а резултатите вчера ветуваат позитивен исход и пласман во следното коло само за Шкупи.

Скопскиот тим ремизираше на гостувањето кај Пјуник со 3:3, иако имаше водство од 1:3 на десет минути пред крајот на мечот.

Македонија Ѓорче Петров доживеа пораз од 3:1 на гостувањето кај Алашкерт во Ерменија и ќе им треба победа од 2 чисти гола на домашен терен за да поминат во 2. коло.

За Академија Пандев се чини завршена овогодинешната авантура во Европа откако на домашен терен загуби од босански Зрињски со 3:0 и само чудо може да ги однесе во следното претквалификациско коло.

Резултати од првите натпревари од првото квалификациско коло на Лига Европа:

Пјуник (Ерменија) – Шкупи (Северна Македонија) – 3: 3
Ордабаси (Казахстан) – Торпедо Кутаиси (Грузија) – 1:0
Вентспилс (Латвија) ​​- Теута (Албанија) – 3:0
Алашкерт (Ерменија) – Македонија Скопје (Северна Македонија) – 3: 1
Лачи (Албанија) – Апоел Бер-Шева (Израел) – 1: 1
Нарва Транс (Естонија) – Будучност (Црна Гора) – 0: 2
АЕК Ларнака (Кипар) – Петрокуб (Молдавија) ​​- 1: 0
Сабаил (Азербејџан) – Универзитатеа Крајова 1948 (Романија) – 2: 3
Флора Таллин (Естонија) – Раднички Ниш (Србија) – 2: 0
КуПС (Финска) – Витебск (Белорусија) – 2: 0
Балазан (Малта) – Домжале (Словенија) – 3: 4
Ритеираи (Литванија) – Клаксвик (Фарски Острови) – 1: 1
Ружомберок (Словачка) – Левски (Бугарија) – 0: 2
Радник (Босна и Херцеговина) – Спартак Тарнава (Словачка) – 2: 0
Каунас Жалгарис (Литванија) – Аполон Лимасол (Кипар) – 0: 2
Лиепаја (Латвија) ​​- Динамо Минск (Белорусија) – 1: 1
Малме (Шведска) – Балимена (Северна Ирска) – 7: 0
Макаби Хаифа (Израел) – Мура (Словенија) – 2: 0
Крусејдерс (Северна Ирска) – Б36 Торсхавн (Фарски Острови) – 2: 0
Динамо Тбилиси (Грузија) – Енгордани (Андора) – 6: 0
Дебрецен (Унгарија) – Кукеши (Албанија) – 3: 0
Академија Пандев (Северна Македонија) – Зрински Мостар (БиХ) – 0: 3
Брондби (Данска) – Интер Турку (Финска) – 4: 1
Бран (Норвешка) – Шамрок Роверс (Република Ирска) – 2: 2
Шахтјор (Белорусија) – Хибернијанс (Малта) – 1: 0
Молде (Норвешка) – Рејкјавик (Исланд) – 7: 1
Сперанца (Молдавија) ​​- Нефчи (Азербејџан) – 0: 3

Фола Еш (Луксембург) – Чихура (Грузија) – 1: 2
Олимпија Љубљана (Словенија) – Рига (Латвија) ​​- 2: 3
Конас Кеј (Велс) – Килмарнок (Шкотска) – 1: 2
Зета (Црна Гора) – Фехервар (Унгарија) – 1: 5
Европа (Гибралтар) – Легија Варшава (Полска) – 0: 0
FКСБ (Романија) – Милсами Орхеи (Молдавија) ​​- 2: 0
Чукарички (Србија) – Бананц (Ерменија) – 3: 0
Дунајска стреда (Словачка) – Краковија (Полска) – 1: 1
Клифтонвил (Северна Ирска) – Хаугесунд (Норвешка) – 0: 1
Сент Патрик (Ирска) – Норчепинг (Шведска) – 0-2
Абердин (Шкотска) – РоПС (Финска) – 2: 1
Корк Сити (Ирска) – Нидеркорн (Луксембург) – 0: 2
Хонвед (Унгарија) – Жалгирис (Литванија) – 3: 1
Широки Брег (Босна и Херцеговина) – Каират (Казахстан) – 1: 2
Браидаблик (Исланд) – Вадуз (Лихтенштајн) 0: 0
Стјернан (Исланд) – Левадија Талин (Естонија) 2: 1

Од вторникот:
ЦСКА Софија (Бугарија) – Титоград (Црна Гора) – 4: 0
Гзира Јунајтед (Малта) – Хајдук Сплит (Хрватска) – 0: 2
Сент Џозеф (Гибралтар) – Ренџерс (Шкотска) – 0: 4

Од средата:
Жунес Еш (Луксембург) – Тобол (Казахстан) – 0: 0

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска