Репрезентативецот Мирковски ги смени клупските бои во Италија

Од:

Стандардниот член на македонската младинска кошаркарска репрезентација Богдан Мирковски останува во Италија, но кариерата ќе ја продолжи во нов клуб.

Мирковски, кој беше дел од репрезентацијата „Под 20“ години на ФИБА Челенџерот во Шопрон, се договори со екипата на Некст Нардо, и во оваа сезона ќе игра во италијанската А2 лига.

– Среќен сум што доаѓам во Нардо и едвај чекам да им се ставам на располагање на тренерот Гандини, и на тренерот Куличи. Тие веќе ми кажаа кои се нивните очекувања. А што се однесува до мене, подготвен сум да дадам се од себе, и да донесам многу радости на публиката која навива за Нардо, изјави Мирковски, кој во изминатите сезони беше дел од екипата на Проџето Канту.

Тој ќе биде регистриран и за селекцијата „Под 19“ години, а ќе има право на настап и во Серија Ц лигата на Италија.

Би можело да ве интересира

Бајиќ: Шпанците нè „прочитаа“

Ана Ололовска

Бајиќ: Јас сум човек оптимист, верувам во она што го работам

Ана Ололовска

Македонските кошаркарки загубија од Германија во квалификациите за женскиот Евробаскет 2023

А1он

Промоција на документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо”.

А1он

Документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“ премиерно овој викенд

Ана Ололовска

Промоција на документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“

Ана Ололовска