„Рено-Нисан“ престана со производство поради кибер нападот

Од:

Неколку фабрики на групацијата „Рено – Нисан“ во саботата привремено престанаа со работа од превентивни причини, по масовниот напад со софтвер што ги блокираа компјутерите низ цел свет.

„Рено“ е единствениот француски производител што беше погоден од хакерскиот напад со кој беа опфатени некои компјутери во фабриката Сандовил, во северозападниот дел на Франција. Се очекува во текот на денот производството во погоните на „Рено“ повторно да се нормализира.

Во меѓувреме, и „Нисан“ беше принуден да престане со производство во фабриката во Сандерленд, во Велика Британија. Во овој погон се изработува електричниот модел „Леаф“, како и возилата „Кашкаи“, „Ноут“ и „Џук“, но и премиум автомобилите на марката „Инфинити“ – „Q30“ и „QX 30“.

Од јапонскиот производител соопштија дека нивната британска фабрика била погодена од хакерски напад во петокот вечерта и дека работат на отстранување на проблемот и нормализирање на производството.

Вирусот, што експертите го нарекуваат „Wanna Decryptor“, „WCry“ и „Wanna Cry“, ги парализира компјутерите што ја користат мрежата во болниците во Велика Британија, германската државна железница и голем број други компании и владини агренции низ целиот свет.

Нападот, за кој се верува дека е најголемата шема за изнудување пари по пат на интернет што воопшто некогаш е забележана, според оценките на Европол, претставува „закана која екскалира’ откако во петокот беа погодени 200.000 жртви низ цел свет.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска