Рено 5 Турбо II оди на аукција

Од:

Рено 5 Турбо II беше еден од најпопуларните хечбекови на сите времиња, се појави во 1983 година и беше полесен и посилен од Турбо кој беше во претходните три години. Тој е идеја на тогашниот потпретседател на производството Жан Тераморси, а инспириран од успехот на Ланчиа Стратос.

Сличен на Стратос, автомобилот има погон на задните тркала, а 1,4-литарскиот мотор испорачува 158 КС и е сместен во средина. Поврзан е со 5-степен менувач, а автомобилот поседува и модифициран овес кој овозможува одлично искуство при возењето.

Во внатрешноста се е оригинално освен седиштата пресвлечени со црна кожа.

Рено 5 Турбо II е произведен во само 5.000 примероци, а од нив 3.200 се модел Турбо2.

Примерокот од фотографијата поминал само 5.900 километри и е во одлична состојба. Ќе биде продаден на аукција на куќата РМ Сотби во Париз на 8 февруари, а се проценува дека ќе достигне цена од 80.000 долари.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја ќе вложи милијарди долари во возила на водород

Ана Ололовска

Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција

Ана Ололовска

„Фолксваген” со свој погон за батерии за електромобили

Ана Ололовска

Анализа на Форд: Речиси половина Американци уверени дека на електричните автомобили им е потребен бензин

Ана Ололовска

Европски производители на автомобили: Брегзит без договор би имал катастрофални последици

Ана Ололовска

Намалена побарувачката за патнички возила во ЕУ

Ана Ололовска