Рекордни 50 поени за Џејлен Браун во триумфот на Бостон против Орландо

Од:

Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејлен Браун го собори својот личен рекорд на натпреварот против Орландо одигран ноќеска на домашен терен. Браун средбата ја заврши со 50 поени. Селтикс успеаја да се вратат од -14 (82:96) во четвртата четвртина и да победат со 116:111 по продолжение.

Џејлен Браун постигна 21 поен во последните 12 минути од регуларното време и додаде уште три во продолжението.

Претходниот рекорд на ѕвездата на Бостон беше 46 поени и беше поставен против Њујорк никс на 20 октомври.

Браун стана седмиот играч во историјата на Селтикс со 50 поени по натпревар.

– Моравме да победиме денеска. Едноставно не можевме да загубиме. Тоа не би било многу добро, изјави Браун.

Бостон, благодарение на успехот на домашен терен, го избегна четвртиот пораз во последните пет натпревари.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа