Рекордни 25 камери и дрон ќе го снимаат „Дер Класикер“ за 205 држави

Од:

Целиот свет со нетрпение го очекува саботното дерби помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, кое ќе биде „Дер Класикер“ бр.100 во Бундеслигата.

Весникот „Билд“ информира дека дуелот ќе постави рекорд по бројот на користени камери. Се очекува на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен да работат цели 25 камери, наместо вообичаените меѓу 19 и 21.

Дополнителната опрема ќе биде искористена заради хистеријата пред натпреварот, бидејќи е најверојатно исходот од дербито да одлучи за битката за „сребрената салатиера“.

Еден дрон ќе се движи над теренот, а зад головите ќе бидат монтирани специјални камери, кои ќе пуштаат „слоумоушн“ слика. Ќе има камери и околу знаменцата за извршување на корнер.

Натпреварот ќе биде пренесуван директно во 205 земји во светот, а 16 водечки телевизии ќе емитуваат директно од Минхен. 260 лица ќе работат за различни телевизии од местото на настанот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна