Рекорден награден фонд за US Open 2019

Од:

Организаторите на US Open објавија дека оваа година наградниот фонд на турнирот ќе биде рекорден. Вкупниот износ што ќе го поделат играчите е 57 милиони долари.

Победниците кај мажите и жените ќе заработат 3,85 милиони долари, што е за 50.000 повеќе од минатата година. Тенисерите кои ќе бидат елиминирани од првиот круг ќе освојат 58.000 долари.

Шампионите во парови ќе добијат по 740.000, а двојките, кои нема да ја поминат првата рунда – по 17.000.

Наградниот фонд ќе биде највисок не само во историјата на US Open, туку и во споредба со трите други Гренд-слем турнири.

Отвореното првенство на САД во тенис ќе започне на 26-ти август и ќе трае до 8-ми септември.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ