Реднап со поддршка за Бејл

Од:

Поранешниот тренер на Тотенхем Хари Реднап изјави дека ѕвездата на „спарси“ ќе постигне голем успех со евентуална преселба на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

– Бејл е извонреден фудбалер, по квалитет рамо до рамо со Меси и Роналдо. Тој е во добар клуб, но шанса да се заигра за Реал Мадрид не добива секој и тоа не се случува често. Сигурно за такво нешто сонувал како дете. Ако оди во „кралскиот клуб“ сигурен сум дека ќе биде успешен, истакнува Реднап за англиските медиуми.

Велшкиот репрезентативец одигра извонредна сезона во Тотенхем. Голем интерес за негов ангажман во летниот преоден рок покажува Реал Мадрид, а целата светска јавност е во исчекување на епилогот околу неговата иднина, како и висината на евентуалниот трансфер од премиерлигашот во Реал.

На неколку наврати се шпекулираше со сумата што би ја платил Реал за обештетувањето на Бејл од рекордни 80 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ