„Редбрд“ и официјално станаа нови газди на Милан

Од:

„Редбрд капитал партнерс“ и официјлно го преземаа италијанскиот шампион Милан за сума од 1.2 милијарди евра, потврдувајќи го тоа преку официјално соопштение неколку месеци откако склучија договор со претходните газди, американската компанија „Елиот менаџмент“.

„Во 123 години, АЦ Милан е синоним за шампионско ниво на фудбал. Од основањето во 1899 година, Милан има 19 титули во Серија А, 7 во Лигата на шампионите, 7 Суперкопа Итаијана, 5 Копа Италија, 5 Европски Суперкупови, 3 Интерконтинентални купови, 2 Купа на куп поедници, и 1 Светско првенство. Како нов сопственик на АЦ Милан, ‘Редбрд’ ќе продолжи да инвестира во сите клучни делови за подобрување на спортските и комерцијалните интереси, градејќи на минатогодишниот успех. Приоритетот е поддршката на спортското и бизнис лидерството на тимот за да се осигура постојана конкурентност на највисоко ниво“, се вели во објавата.

По 31 години под водство на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, клубот беше продаден на кинескиот бизнисмен Ли Јонгхонг, но тој остана во контрола само една година, префрлајќи го тимот на американската фондација „Елиот менаџмент“ во 2018 година.

Извор: Тоспорт

Би можело да ве интересира

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Ново засилување во Милан

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голманот колабира пред мечот на гигантите, телевизискиот пренос прекинат

Предраг Петровиќ

Милан има нов напаѓач

Предраг Петровиќ

Милан за Калулу издвои 1,3 милиони евра, ќе го продаде за 50 пати поголема сума

Милан подготвиле нов договор за Жиру