Ребиќ може да го следи Ковач во Баерн, Ајнтрахт бара 50 милиони евра

Од:

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ сака да продолжи да работи под раководство на Нико Ковач, откако минатата сезона беше избран за најдобар играч на освојувачот на Купот на Германија – Ајнтрахт Франкфурт.

Дваесет и четиригодишниот напаѓач дури постигна гол против баварците при успехот со 3:1 во финалето на Купот на земјата, но би сакал да ја продолжи кариерата кај нив, следејќи го поранешниот хрватски слектор, кој го замени Јуп Хајнкес на тренерската позиција.

Според „Билд“, Хрватот преферира да остане во Бундеслигата, иако интерес за него пројавуваат англиските гиганти Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем, како и италијанскиот Наполи.

Ајнтрахт сака 50 милиони евра за трансфер на Ребиќ и тоа би можело да се покаже како единствената пречка, бидејќи тимот од „Алијанц арена“ не се согласува да троши толку големи суми.

Нивниот рекорд е 41,5 милиони евра за францускиот играч од средниот ред Корентен Толисо минатото лето од Лион.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска