Ребензбург прва на супер-џи трката во Андора, Шифрин го зеде малиот Кристален глобус

Од:

Германката Викторија Ребензбург победи во супер-џи трката од Светскиот куп во ски-алпски дисциплини во Солдеу (Андора). Ребензбург заврши со 1: 23,91 минути и ја забележа вкупно 17-тата победа во кариерата. Германката по трет пат триумфираше во дисциплината, но и за прв од 20 јануари 2013 година.

Австријката Тамара Типлер го изедначи најдобриот пласман во Светскиот куп, откако заврши на второто место со 15 секунди заостанување. Трета на 34 стотинки од победничката заврши италијанската скијачка Фредерика Брињоне.

Светската шампионка Микаела Шифрин (САД) и Никол Шмидхофер (Австрија) ја поделија четвртата позиција со заостанување од 44 стотинки. Со тоа Шифрин си го обезбеди малиот Кристален глобус во супер-џи со 350 поени по три победи во сезоната.

Втора заврши Шмидхофер со 303 поени, а добитничката на малиот Кристален глобус во дисциплината за претходните две сезони – Тина Вајратер (Лихтенштајн) остана трета со 268 поени. Вајратер денес не успеа да заврши откако пропушти една врата во средината на патеката.

Шифрин обезбеди трет трофеј оваа сезона, откако го обезбеди своето прво место во генералниот пласман и во дисциплината слалом. Таа, исто така води во поредокот за велеслалом и може да стане првата скијачка со четири глобуси во една сезона.

Американката ја помина границата од две илјади поени и со 2.004 води во генералниот поредок, пред Петра Влхова (Словачка) со 1.235 поени и Венди Холденер (Швајцарија) со 943 поени.

Конечен пласман на трката во супер-џи во Солдеу:

1. Викторија Ребензбург (Германија) – 1:23.91 минута
2. Тамара Типлер (Австрија) – 1:24.06
3. Федерика Брињоне (Италија) – 1:24.25
4. Микаела Шифрин (САД) – 1:24.35
Никол Шмидхофер (Австрија) – 1:24.35
6. Ѓасмин Флери (Швајцарија) – 1:24.43

Конечен пласман цо супер-џи за сезоната 2018/2019:

1. Микаела Шифрин (САД) – 350 поени
2. Никол Шмидхофер (Австрија) – 303
3. Тина Вејхертер (Лихтенштајн) – 268
4. Викторија Ребензбург (Германија) – 257
5. Ранхилд Мовинкел (Норвешка) – 247
6. Тамара Типлер (Австрија) – 183

Генерален пласман:

1. Микаела Шифрин (САД) – 2.004 поени – шампион
2. Петра Влхова (Словачка) – 1.235
3. Венди Холдер (Швајцарија) – 943
4. Никол Шмидхофер (Австрија) – 771
5. Викторија Ребензбург (Германија) – 769
6. Федерика Брињоне (Италија) – 764.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски